Европската ракометна федерација, во координација со клубовите учесници во Лигата на шампиони (ЛШ), ги дефинираше датумите и саатниците за првите десет кола во елитното клупско натпреварување.

Македонскиот првак Вардар 1961 новата сезона ќе ја почне со гостување кај норвешки Елверум на 15 септември.

Првиот натпревар на домашен терен „црвено – црните“ ќе го играат една недела подоцна против белорускиот шампион Мешков Брест во Скопје.

Распоред на натпреварите на Вардар 1961 во првите десет кола во ЛШ:

Елверум – Вардар 15.09.2021 (18:45 часот)_

Вардар – Мешков Брест 22.09.2021 (20:45)

Вардар – Алборг 02.10.2021 (18:45)

Вардар – Монпелје 13.10.2021 (20:45)

Алборг – Вардар 20.10.2021 (18:45)

Вардар – Кил 27.10.2021 (20:45)

ПИК Сегед – Вардар 18.11.2021 (18:45)

Вардар – ПИК Сегед 25.11.2021 (20:45)

Кил – Вардар 02.12.2021 (20:45)

ППД Загреб – Вардар 08.12.2021 (20:45).



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2021 15:51