Француската машка ракометна репрезентација го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио совладувајќи го попдланево во финалето бранителот на титулата Данска со 25-23 (14-10).

Ова е трето олимписко злато за Французите на последните четири Олимписки игри, по Пекинг 2008 и Лондон 2012, додека во Рио де Женеиро 2016 беа сребрени.

Данците, пак, го освоија својот втор олимписки медал во историјата, по златото пред пет години во Рио.

Претходно денеска, Шпанија во натпреварот за бронзениот медал го совлада Египет со 33-31.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2021 01:12