Женската ракометна репрезентација на Франција утрово ја победи Русија со 30:25 во финалето на Олимпијадата 2020 во Токио.

Најзаслужна за триумфот на Французинките беше голманката Клеопатра Дарло која одбрани 9 удари од 21 обид на Русинкте.

Полет Фопа и Алисон Пино постигнаа по 7 гола за победничките, исто толку реализации во рускиот тим забележа Полина Ведехина.

Претходно во мечот за бронзениот медал, Норвешка ја совлада Шведска со 36:19.

Франција го освои златото и во машка конкуренција.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2021 14:43