Синоќа во период од четири часа од Министерството за внатрешни работи изречени се дваесет казни за ист толкав број возачи кои возеле со брзина над дозволената на подрачјето на Општина Крива Паланка.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, дваесетте возачи се санкционирани вчера во периодот од 21 до 1 часот по полноќ, при засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2021 17:18