Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 21 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење на мобилен телефон, седум за нерегистрирани возила, 54 за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли...

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2021 13:10