Глумицата Рене Зелвегер и Ант Енстед првпат заедно се појавија во јавноста, со што ја открија својата љубовна врска.
Оскаровката беше во придружба на нејзиното ново, 10 години помладо момче на свеченоста во „Редфорд моторс“, во Музејот „Лион ер“, во Округот Оринџ, Калифорнија, САД, во саботата. Специјалистот за автомобили и поранешен домаќин на „Вилер дилерс“, Ант, стои зад заживеаната автомобилска компанија.
Зелвегер беше во црн фустан и потпетици, а Енстед носеше смокинг. Тие се фотографираа со неколку гости и изгледаа среќно што беа таму заедно.
Зелвегер и Енстед почнаа да излегуваат во јуни по средбата на снимањето на претстојната серија на „Дискавери плус“ – „Celebrity IOU: Joyride“. Глумицата претходно, 2005 година, четири месеци беше мажена за пејачот Кени Чесни, а потоа беше во врска и со глумецот Бредли Купер и музичарот Дојл Брамал. Енстед (42) исто така, беше женет – двапати во минатото и има три деца.