Џенифер Хадсон откри дека е многу возбудена што ќе ѝ оддаде лична почит на покојната Арета Френклин, во филмот „Почит“ (Respect). Помладата пејачка и глумица ја доби улогата на кралицата на соул-музиката во годинашниот биографски филм.

Френклин, која почина во 2018 година, ја избра токму оскаровката од „Девојки од соништата“ да ја глуми во филмот, кој пак, се појави во кината во петокот (6 август).

„Почит“, вториот филмски проект оваа година за легендарната Френклин, раскажува за предизвиците во нејзиниот живот, од дете на евангелистичкиот црковен хор на нејзиниот татко до семејно насилство и зависност од алкохол на патот кон светската слава. Хадсон, која пееше на погребот на Френклин, рече дека чувствува дека тие две имаат многу заедничко.

– Нашата вера е првото нешто. И, не знаев дека таа има такви трагедии во нејзиниот живот – ова е второто. Филмот е во чест на госпоѓата Френклин и се надевам дека ќе ја почестам на најдобар можен начин!, рече актерката.

Хадсон имала неколку телефонски разговори со Френклин пред нејзината смрт, а кралицата на соулот инсистирала нејзината вера да биде главна тема на филмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2021 14:52