Гислејн Максвел може да понуди докази во корист на војводата од Јорк, британскиот принц Ендрју, откако тој во суд во Њујорк беше обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка. Ова, за „Јаху ентертејнмент“ го тврди неименуван извор близок до Максвел.
„Гислејн ќе биде подготвена да даде докази во полза на војводата. До мигот кога случајот против војводата ќе стигне до суд, Гислејн или ќе биде осудена и ќе служи до 85 години затвор (или) ќе биде ослободена од обвиненијата, се разбира, таа ќе му помогне на принцот Ендрју. Тие беа пријатели многу долго време. Многу е веројатно Гислејн да понуди да му помогне“, вели неименуваниот пријател.
Имено, Вирџинија Робертс Џуфре ги обвини принцот Ендрју, Максвел и нејзиниот партнер Џефри Епстин дека пред 20 години, кога Џуфре била малолетничка, ја принудиле на сексуални односи со британскиот принц, против нејзина волја, во домот на Максвел во Лондон во 2001 година.
Г-ѓа Максвел е клучен сведок во повеќе случаи, вклучувајќи го и обвинението на г-ѓа Џуфре. Принцот ги негира сите обвинувања, а г-ѓа Максвел досега го поддржуваше него.