Американската глумица Кристина Еплгејт има мултиплекс склероза. Сега веќе 49-годишната глумица непријатната новост ја сподели на интернет вчеравечер.

„Здраво, пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана МС (мултиплекс склероза). Ова е чудно патување. Но, јас имам голема поддршка од луѓе што ги знам, а кои исто така ја имаат оваа состојба. Ова е тежок пат. Но, како што сите знаеме, патот продолжува. Освен ако некој будала не го блокира”, напиша Еплгејт на Твитер.

Таа притоа побара почитување на нејзината приватност и им се заблагодари на обожавателите и следачите.

Според стручњаците, постојат четири типа на мултиплекс склероза. Не постои познат лек, така што управувањето е тековен процес за подобрување по напад и спречување нови напади. Еплегејт не уточни од кој тип боледува.

Таа инаку, се лекуваше и од рак на дојки во 2008 година, кога имаше двојна мастектомија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2021 18:00