Таткото на Бритни Спирс, Џејмс се согласи да се повлече од долгогодишната улога на тутор на неговата ќерка, соопшти вчера Метју Розенгарт, адвокатот на поп-ѕвездата.
– Задоволни сме што г-н Спирс и неговиот адвокат признаа во поднесокот денеска дека мора да бидат отстранени, изјави адвокатот.
Џејмс и Бритни Спирс Тој посебен надзор беше одреден откако Џејми Спирс од судот во Лос Анџелес, Калифрнија, САД, побара овластување да ги следи финансиите и животот на неговата ќерка во 2008 година, поради „загриженоста за нејзиното ментално здравје“. Следното судско рочиште за расправата за барањето на Бритни Спирс е закажано за крајот на септември во Лос Анџелес.
Бритни Спирс, која е на прагот од петтото десетлетие од животот, смета дека тој надзор е злоупотреба и дека таа „сака да ѝ се врати животот“, како што изјави пред судот во јуни.