Еурофарм Пелистер и Вардар ќе играат во финалето на 49. издание на Струшкиот ракометен турнир, откако синоќа битолчани го совладаа повеќе од убедливо тимот на Тиквеш со 38:21 (20:9), додека Вардар беше поуспешен од Бутел со 25:24 и си обезбеди место во финалето.

Вардарци вечерва ќе бараат „одмазда“ за високиот пораз од Еурофарм Пелистер во финалето од македонскиот Суперкуп, пред некој ден.

Почетокот на финалето е закажано за вечер во 21 часот и 15 минути.

Во борбата за третото место (19:15 часот) ќе се борат поразените во синоќешните дуели, екипите на Тиквеш и Бутел.

Прв денешен дуел (почеток 17:15 часот) за избегнување на последното место ќе биде натпреварот меѓу домаќинот Струга и тимот на Металург



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2021 17:00