„Гугл“ работи на експериментална нова функција што може драстично да го подобри режимот „инкогнито“ на прелистувачот „Гугл хром“ за „Андроид“, што ќе го направи уште „поприватен“, односно побезбеден.

Ова значи дека ќе треба и ќе може да го потврдите вашиот идентитет со скенирање на лицето или отпечаток од прст пред да пристапите до картичките на прелистувачот што се отворени во „инкогнито“ режим. За оние кои не знаат, „инкогнито“ не ги снима пребарувањата и историјата и ги суспендира сите проширувања – чувајќи ја приватноста околу она што го посетувате на пребарувачот, во споредба со вообичаената употреба на Хром.

И, тоа може да се случи со верзијата „Хром 94“, најавена за 21 септември 2021 година.

Сепак, не сите уреди со „Андроид“ имаат опција за препознавање лице или скенирање отпечатоци. Затоа, може да има и неколку различни поставки за заклучување на анонимните јазичиња на „Хром“ на „Андроид“. За телефони без проверка на лице или отпечаток, би можело да се користи вообичаена шифра.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2021 15:02