Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе игра во финалето на „Хумел куп“, откако попладнево во полуфиналниот натпревар го совлада данскиот Холстебро со 33:28 (полувреме 14:13).

Најефикасни на мечот беа Талески и Тото со по шест погодоци, Гурбиндо постигна пет.

Во мечот за трофејот, вардарци ќе се соочат со победникот од средбата Магдебург – Горење.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2021 01:49