Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, вината за синоќешниот пораз (27:31) од Мешков Брест во првиот дуел од четвртфиналето во СЕХА-лигата, си ја препиша на себе.

– Честитки до екипата на Мешков Брест за победата. Бевме уморни и емоционално празни од настаните во последните две недели, но тоа е моја одговорност. Ја преземам одговорноста за физичкиот и тактичкиот дел. Игравме против одличен, искусен и физички силен тим. Имаме доволно време да се подобриме и да одиграме многу подобро во Белорусија. Убеден сум дека различен Еурофарм Пелистер ќе излезе на терен следниот викенд и ќе игра достоинствено, истакна Бабиќ.

Реваншот на теренот на Мешков Брест е закажан за 29 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2021 21:40