Во албанскиот град Корча, на синоќешната последна вечер од традиционалната манифестација „Корчарско пиво“ спектакуларен концерт одржа познатиот Горан Бреговиќ, кој за жал беше засенет од мал инцидент.

На самиот почеток на концертот, беше фрлен солзавец, од кој настана моментна паника меѓу публиката. Полицијата брзо интервенираше при што е уапсен Редон Лека (21) од Тирана, познат на полицијата за кривични дела, меѓу нив и за трговија со дрога. Приведени биле и седум други лица, но само едно ќе се брани од слобода, Ф.К. од Љушња, поради попречување на полициските службенци во апсењето на Лека.

-По моментната паника која се создаде меѓу посетителите, меѓу кои и туристи од соседните земји, се мина во фантастичната атмосфера, а со Бреговиќ и неговиот ансамбл пееше повеќе илјадната публика. Како што и најави настапот го почна со албанската песна „ Косовска“, наведува Њуз 24.

Поради разните коментари и барањата, пред се од Косово, да се откаже прсуството на Бреговиќ на оваа манифестација, за безбедноста биле ангажирани повеќе од 200 полициски службеници а на пробата пред концертот бил само ансаблот а не и Бреговќ, кој останал во хотел под силно обезбедување се до настапот.

И покрај барањата општината Корча, како организатор, не се откажа познатиот Бреговиќ да го донесе во Корча.

-Дојдовме за песната на Бреговиќ. Музиката ги обединува народите, изјавија дел од многубројната публика.

Во 2006 година, тогашнот градоначалник, а сега актуелен премиер, Еди Рама, му го предаде клучот на албанската метропола.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2021 17:28