Основното јавно обвинителство во Ниш денеска му одреди мерка притвор на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ во рок од 48 часа, откако рано утринава, околу 4 часот, извршил физички напад врз колегата режисер Предраг Гага Антонијевиќ.
„Бјелогрлиќ е обвинет за насилно однесување и утре ќе биде сослушан“, соопшти нишкото обвинителство.
Видеото од безбедносните камери на хотелот „Амбасадор“ покажува како Бјелогрлиќ му приоѓа на Антонијевиќ, кој седел на маса со уште неколку лица, и повеќе пати го удира по главата.