Пет италијански градови – Милано, Болоња, Пезаро, Римини и Торино – претендираат да бидат домаќини на Евровизија во 2022 година, објави Ил Месаџеро.

Од 17 градови што покажаа интерес за одржување на настанот, 11 поднесоа апликации. По резултатите од инспекциите, претставниците на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и италијанската државна телевизија РАИ исклучија шест градови, меѓу кои и Рим.

Италијанскиот бенд „Maneskin“ со песната „Zitti e Buoni“ победи на „Евровизија 2021“ во Ротердам со 524 поени. Оваа победа за Италија беше трета во историјата на Евровизија и прва од 1990 година. Според локалните медиуми, враќањето на Евровизија, кое, според правилата, следната година ќе се одржи во Италија, може да ја врати популарноста на музичкиот натпревар кај Италијанците.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2021 05:34