Во Велика Британија се појавуваат слики од понова, потенка и полесна верзија на „Плејстејшн 5“, пишува порталот за видеоигри „Еурогејмер“.

Имено, еден од читателите испратил слики од новата конзола со поедноставна завртка за прицврстување на држачот, а самиот уред, според неговите зборови, е и малку полесен. „Сони“, се чини, пуштила нова дигитална верзија на својата конзола без никаква промоција. Таа прво е забележана во Австралија.

Оваа нова верзија, полесна за 300 грама, го носи кодот „ЦФИ-1100“.

Патем, ова не е невообичаена практика за производителите кои ги менуваат своите уреди со текот на времето.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2021 16:51