По неколку недели одложување, раперот Кање Вест конечно го објави својот десетти студиски албум наречен „Donda“. Toj e достапен на стрим-платфорите од вчера.

Вест го најави албумот пред две години. Тој, исто така, организираше три големи јавни собири во САД – Атланта, Лас Вегас и Чикаго, каде што гостите можеа да слушнат некои од песните, а мина и извесно време на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, каде што го доврши снимањето.

Објавувањето на албумот беше официјално објавено на Инстаграм неколку часа порано од неговиот менаџер Бу Тијам.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2021 10:43