Актуелниот македонски првак Вардар 1961 со елиминацијата на ППД Загреб остана единствениот тим во историјата на СЕХА лигата, кој не пропуштил ниту еден настап на завршните турнири во десетгодишната историја на регионалното ракометно натпреварување.

Со пет трофеи и уште три натпревари во финале, македонскиот тим, воедно, е и најуспешната екипа во историјата на СЕХА лигата.

За деветто СЕХА финале Вардар ќе мора да биде поуспешен во полуфиналната пресметка на 3 септември во Задар против белорускиот шампион Мешков Брест.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2021 15:38