Македонскиот ракометен првак Вардар и покрај обезбеденото учество на „Фајнал фор“ турнирот во СЕХА-лигата, нема да игра на завршницата во Задар, објавија повеќе медиуми. Причината е позитивен играч на коронавирус.

Од клубот се уште нема официјална потврда за ваквиот развој на настаните по вчерашниот реванш во Загреб и изборениот Ф4.

Ниту СЕХА-лигата не излезе со официјално соопштение.

Се појавија гласини дека организаторите на турнирот не им дозволиле на „црвено-црните“ да настапат со другите играчи кои имаат негативни ПЦР тестови.

Вардар на 3 септември во Задар, во полуфиналето требаше да игра со белоруски Мешков Брест.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2021 22:30