Легендарната шведска поп група АББА денеска го претстави својот нов албум „Voyage“ по 40 години, кога славниот бенд се распадна.

– Снимивме нов албум, изјавија Бјорн Улвеус (76) и Бени Андерсон (74), претставувајќи го албумот во Лондон, каде што изведоа една од новите песни „I Still Have Faith in You“.

Новиот албум официјално ќе излезе на 5 ноември.

Шведскиот бенд беше активен од 1972 до 1982 година. Покрај Улвеус и Андерсон, групата ја сочинуваа и Ани-Фрид Лингштад (75) и Агнета Фалтског (71).

Поп групата, исто така, најави турнеја, но виртуелна со холограми на членовите.

Со песната „Waterloo“ во 1974 година, АББА победи на Евровизија, а остана запаметена по хитовите како „Dancing Queen“, „SOS“, „Mamma Mia“, „Money, Money, Money“, „Take A Chance On Me“ и други.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2021 01:00