Регионалната ракометна СЕХА лига денеска го објави идеалниот дел на регуларниот дел од сезоната во кој се најдоа вкупно тројца ракометари од македонските екипи Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

Во традиционалниот избор на капитените на екипите учесници во СЕХА лигата, Невен Стјепановиќ од Еурофарм Пелистер е прогласен за најдобар десен бек, а неговиот соиграч Јосип Периќ за најдобар среден бек, и воедно за најкорисен играч.

Стратегот на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ е тренер на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата.

За најдобро лево крило е избран Тимур Дибиров од Вардар 1961, додека неговиот клупски колега Клеб Каладаш е прогласен за најдобар дефанзивец.

Идеален на СЕХА: Матеј Асанин (ППД Загреб), Невен Стјепановиќ (Еурофарм Пелистер), Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер), Оливер Рабак (Татран Прешов), Вукашин Воркапиќ (Металопластика), Влачаслав Бокан (Мотор Запорожје), Тимур Дибиров (Вардар 1961).



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2021 15:54