Глумицата која е најпозната по улогата во филмскиот серијал „Игри на гладните“ – Џенифер Лоренс и нејзиниот сопруг Кук Марони, го очекуваат нивното прво дете. Веста ја потврди нејзиниот портпарол.

Џенифер и Кук се венчаа пред две години на Род Ајленд (САД), по тригодишна врска. Свадбата се одржа во луксузна вила, и се чуваше во голема тајност, сѐ до денот на венчавката. На свеченоста меѓу другите, присуствуваа Адел, Ејми Шумер, Крис Џенер, Ема Стоун.

Кук е сопственик на уметничка галерија сместена во Апер Ист Сајд во Њујорк, и ретко се појавува на јавни настани.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2021 11:22