Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.
Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.
Веднаш после таа одлука, денеска го направи Ракометната федерација на Македонија која го одложи стартот на Супер Лигата.
Па така, првото коло предвидено за денеска (09.09.21) се одложува за недела (12.09.2021 година).
– Почитувани,
Поради прогласената три дневна жалост и апел од Владата да се одложат сите спортски манифестации, Ве информираме дека првото коло од ракометната Супер Лига предвидено за денес (09.09.2021 г.) се одложува за недела (12.09.2021 г.). Сочуство до семејствата – информираат од РФМ.
Во првото коло треба да играат Вардар 1961 – Скопје, Радовиш – Струга, Охрид – Тиквеш, Е. Пелистер – Е. Пелистер 2, Бутел Скопје – Прилеп, а како што е познато одложена е и средбата Металург – Т. Пролет, поради карантинот на поголем играчи во екипата на Пролет.