Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, претпладне сончево со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во недела ќе преовладува претежно облачно време, а од понеделник и во следните денови стабилно, сончево и потопло.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2021 10:43