Од предпладнево од 10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес, работат на ликвидација на големиот шумски пожар кој од петтокот од 13:10 часот, веќе трети ден беснее над железничката станица „Рајко Жинзифов” на теренот кој селото С`лп .

Како што информираат за МИА од ТППЕ Велес се очекува наскоро пожарот да биде целосно изгаснат.

Во овој голем шумски пожар во изминатите дена изгореа над 200 хектари ниско стеблеста дабова шума.

Поради пожарот кој е во близина на Велес, граѓаните го чувствуваат димот на изгорено.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 16:02