Во рамки на годинашниот меѓународен саем на книгата во Скопје, денеска Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ) ги додели наградите поделени во пет категории, за изданија издадени меѓу двата саеми.

За прва категорија за најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми добитник на наградата е „VIOLA ARSENICA“ од авторот Влада Урошевиќ и издавачи ИК Готен и МАНУ од Скопје.

Втора категорија за најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми е едицијата „Гравири“, дизајн на Јованчо Димоски а издавач е ПНВ ПУБЛИКАЦИИ.

Во трета категорија за најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми наградена е „Приказни за добра ноќ на мама Ана“. Автор на текстот е Билјана С. Црвенковска, илустрации се на Магдалена Тофилоска и Горан Мрвиќ, издавач е „Светот на Биби“.

Во четврта категорија наградата „Јаков од Камена Река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција меѓу двата саеми ја доби „Сирена која се смее: пет бајки од Венецијанското гето“. Автор е Мирјана Огњановиќ, илустрации се од Александар Палавестра, издавач АВАНТ ПРЕС.

Петта категорија за Најдобар книжар меѓу двата саеми ја доби Ивона Стојковска од „Светот на Биби“.

Одлуката ја донесе тричлена стручна комисија во состав на писателот Блаже Миневски, претседател, новинарката Весна Дамчевска, член, и академскиот ликовен уметник Златко Глигоров, член. Право на учество имаа сите изложувачи на саемот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2021 16:00