Завчера во 17.30 часот во Полициската станица Кичево, 40-годишен жител на кичевско село пријавил дека едно лице се обидело да го измами за сума од 300 евра.
Според пријавеното, околу 17.00 часот на неговиот број му се јавило лице кое се претставило дека се познавал со неговиот татко и дека со неговиот брат се во Косово.
Како што е пријавено, тој побарал од него да ги даде парите на негов внук за да плати казна која им била напишана на граничен премин при транспорт на неговата почината сестра од Република Албанија во Република Македонија.
Исто така, според пријавеното, во 18.18 часот му се јавило лице кое му кажало дека околу 18.30 часот ќе дојде во село Колари да ги земе парите. Во меѓувреме, тој го пријавил настанот, а по наредба на Јавен обвинител околу 18.30 часот кај с.Колари од слобода бил лишен Р.М.(45) од Тетово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.