Женското финале на УС Опен меѓу Британката Ема Радукану и Канаѓанката Лејла Фернандез, кое се одигра во саботата, привлекло повеќе телевизиски гледачи отколку машкото финале во кое ден подоцна играа Србинот Новак Ѓоковиќ и Русинот Данил Медведев, објави денеска американскиот спортски канал ЕСПН.

Според истиот извор, женското финале го следеле 3,4 милиони гледачи, додека телевизискиот пренос од машкото финале го гледале 2.7 луѓе.

Титулата во женска конкуренција на грен-слем турнирот во Њујорк ја освои 18-годишната Радукану, додека кај тенисерите Медведев триумфираше над Ѓоковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 23:12