Германскиот фудбалски репрезентативец Леон Горецка дополнително ја зацврсти својата врска со Баерн Минхен, обврзувајќи се на верност кон клубот до 2026 година.

Со новиот четиригодишен договор Горецка стави крај на шпекулациите, кои го поврзуваа 26-годишниот фудбалер со можен трансфер во Премиер лигата.

Горецка дојде во редовите на Баерн во 2018 година од Шалке и досега со Баварците ја освои Лигата на шампиони и три германски титули.

– Со Баерн веќе освоив многу трофеи, а ќе биде уште поубаво доколку сето тоа продолжиме да го повторуваме, изјави Горецка.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2021 18:57