Со низа настани денеска ќе се одбележи крајот на првото издание на мултимедијалниот фестивал „Преспаленд“.

Како што најавуваат организаторите, во 10 часот, во чест на народниот борец и поет Димитар Мите Богоевски, во истоименото училиште во Ресен ќе биде отворен мурал посветен на неговиот лик и дело.

Попладне во 17 часот во Домот на културата во Ресен ќе биде отворена ликовната изложба „Преспа во срцето“- Кирил Јоновски најголемиот познавачач и хроничар на Преспа. Подоцна, на амфитеатарот во Ресен ќе настапи Toka Shitet.

Зад ова уметничко име е Идриз Амети, фронтменот на групата „Бла Бла Бла“. Како соло уметник свири на традиционалниот балкански инструмент шаркија. По него, концерт ќе имаат Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Фестивалот ќе биде одржан според актуелните здравствени протоколи за одржување на настани на отворено.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2021 10:58