Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 5 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 54 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.