Во СВР Тетово вчера било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово кај селото Желино се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ и товарно моторно возило „сканиа“, со тетовски регистарски ознаки, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Како што информираат од МВР, патничкото моторно возило „фолксваген голф“ било управувано од Е.К.(19) од селото Требош, а со товарно моторно возило „сканиа“ управувал Љ.Т.(50) од селото Сараќино.

Тешките телесни повреди на Е.К. биле констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2021 14:59