Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска потврди дека ќе ја посети Приштина по враќањето од Генералното собрание на ОН.

На Твитер, тој се заблагодари за честитките и поканата што му ја испратинеговот косовски колега, Албин Курти, и го најави своето доаѓање веднаш по посетата на Њујорк каде ќе учествува во работата на Генералното собрание на ОН.

-Благодарам Албин Курти. Бездруго ќе го посетам Косово со големо задоволство, штом се вратам од Генералното собрание на ОН. Да почнеме веднаш да подготвуваме заедничка седница. Посакувам со сето мое срце и убеден сум дека ќе направиме многу добри работи за нашите две земји, напиша Рама на Твитер.

Претходно, Курти му честиташе на Рама за реизборот за албански премиер и го покани да ја посети Приштина за да рзговараат околу подготовките за заедничка седница на двете влади.

Курти во честитката навел дека овој трет мандат е и трета можност за спроведување проекти што долго време ги очекуваат Албанците од двете страни на границата.

Тој ја изразил својата целосна подготвеност и на Владата на Република Косово да ја „зголеми економската соработка, трговската размена и интеграцијата на пазарот , отстранувајќи ги бариерите меѓу Албанците“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2021 00:12