Претседателката на Косово, Вјоса Османи и министерката за надворешни работи, Доника Грвала отпатуваа денеска во Њујорк, каде што ќе учествуваат на 76-тата седница на Генералното собрание на Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од кабинетот на Османи, на маргините на седницата на Генералното собрание на ОН, таа и шефицата на диломатијата ќе остварат средби со делегации-учеснички, со претседатели на држави, премиери и министри за надворешни работи.

Најавени се и средби со претставници на албанската заедница во САД, како и со „политички фигури кои го помогнаа Косово на патот до независноста и државноста“. Освен тоа, Османи ќе има и предавање на Универзитетот Колумбија.

– Средбите ќе бидат во функција на заложбите за јакнење на меѓународниот субјективитет на Косово, се вели во соопштението од кабинетот на Османи.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2021 19:45