Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет во врска со интервјуто на поранешниот претседател на Црна Гора и ДПС Мило Ѓукановиќ.

Станува збор за интервју за Радио Антена М од Подгорица, во кое Ѓукановиќ последните апсења на неговите најблиски соработници ги нарече политички реваншизам и го спореди со крвна одмазда.

По детална анализа на интервјуто, Вишото државно обвинителство по потреба ќе преземе и други мерки и дејствија со цел да донесе одлука за евентуално сторено кривично дело, информираат за црногорските медиуми од Вишото обвинителство во Подгорица.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 19:46