Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 21 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 6 мерки за користење мобилен телефон, 2 за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 17 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 11:31