Панама побара од германска аукциска куќа „Герхард Хирш Нахфолгер“ да повлече седум претколумбовски предмети од денешното наддавање што, се чини, се дел од културното наследството на оваа средноамериканска земја.

Министерството за надворешни работи на Панама побара од аукциската куќа со седиште во Минхен, да ги има предвид дозволите за извоз за тие наоди. Односно, властите во Панама нагласуваат дека „не се согласуваат со продажба на предмети што би можеле да бидат дел од историското наследство на Панама“, како што се наведува во известуваањето до германското Министерство.

Властите на Панама побараа помош и од УНЕСКО за враќање на артефактите. Аукциската куќа на својата интернет-страница наведе дека на наддавањето ќе има повеќе од 300 претхиспански наоди од Мексико, Гватемала, Костарика, Панама, Боливија и Перу.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 13:16