Штипските полицајци го фатија разбојникот кој на дрзок начин им го крадеше златниот накит на повозрасни жени низ улиците во Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението наведува дека од слобода е лишен 18 годишниот Е.А, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ и кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на 16.09.2021 на подрачјето на Штип, каде со употреба на физичка сила од две возрасни жени одзел златeн накит.


Фатен разбојникот кој крадеше златен накит на штипјанки

Од извршениот преглед кај Е.А. биле пронајдени и одземени парични средства со кои се стекнал од продажбата на украдените златни предмети. Информиран е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на службениот материјал против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 22:37