Кај Младинскиот културен центар, на отворено, вечер ќе се одржи фестивалот Добра идеја 2021, што го организира Култи ватор.

Ќе настапи Алембик – дуо од Скопје, оформено во март 2020. Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи (оттука и идејата позади името). Досега имаат реализирано неколку видео настапи (Културен центар „Јадро”, „Voice of Youth” и Амок радио), и настап во живо како дел од програмата на Млади за Скопје. Во моментов работат на првиот, истоимен албум во продукција на Нино Спиркоски, информираат организаторите на фестивалот.

По настапот Алембик – дуо, следува диџеј сет на Сезер Салихи.

Влезот на фестивалот е слободен. Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 12:19