Германија го предложи за втор мандат актуелниот генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), Етиопјанецот Тедрос Аданом Гебрејесус, соопшти денеска германското Министерство за здравство.

– Германија го именува Тедрос за нов мандат, изјави портпарол на германското Министерство. Официјалната поддршка на една земја е неопходна за некој да биде кандидат.

Во 2017 година, Тедрос Аданом Гебрејесус стана првиот Африканец на чело на таа агенција на ОН. Етиопскиот дипломат сe уште официјално не објави дали ќе се кандидира за втор петгодишен мандат, но дипломатски извори велат дека тој е кандидат.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2021 20:53