Доколку со секој оброк се конзумира готварска сол, се зголемува ризикот од појава на покачен крвен притисок. Исто така, постои и поголема веројатност од појава на кардиоваскуларни заболувања, како и заболувања на бубрезите. Многу е важно да се намали внесот на сол, особени при постоење на одредени здравствени состојби како: хипертензија, заболувања на бубрезите, камен во бубрегот, терапија со хемодијализа, срцеви заболувања, заболувања на црниот дроб, при терапија со кортикостероиди и при отеченост.

Како да се намали солта во исхраната?

– Оддалечете го соларникот од масата

– Ставете ги на маса другите омилени зачини, магданос, бибер, рен, луто пиперче, црвен пипер, нане, босилек, мајоран….

– Кога готвите, користете некој од горонаведените растителни зачини, прелистајте некој готвач, експериментирајте со зачините и уживајте во новите вкусови.

– Избегнувајте купување и користење преработена храна и готови производи во кои има многу сол.

– Избегнувајте киосци со брза храна



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 04:05