Протеините се важни органски соединенија на клетките – индиректно во целиот организам. Секој човек како индивидуа има одреден број на протеин кој треба да го прими во текот на денот за да одржува здрава мускулна маса.
Протеинот може да го поделиме на две поголеми категории – животински и растителен. Животинскиот го има во месото и млечните производи а растителниот пред се во семчаните плодови (грав, грашок, леќа, боранија….) и во апетисаните (бадеми,лешници,соја….) Идеален внес би претставувало 50-50% од двата вида, меѓутоа не повеќе од 30 грама за лица кои не практикуваат да вежбаат минимум 90 минути дневно. Внес над 30 грама протеин нема да се абсорбира доколку сте физички неактивни и преку сложен процес ќе се претвори во масти. Висок внес на протеин може да предизвика проблеми со бубрезите и ова е чест проблем кај лицата кои се занимваат со бодибилдинг.
Големиот внес на протеин преку сложен процес прераснува во масти доколку немаме или имаме слаба физичка активност. Нашиот организам има вградено “аларм” кога нема да внесе храна доволно често. За да може да ги одржи сите функции почнува да влече од протеинот во нашите мускули и на тој начин губиме од здрава мускулна маса а таложиме на масти. Од друга страна пак доколку го храниме често ја задржуваме мускулната маса а телото нема потреба да складира масти.