Стресот е болест на новиот век, а тој се манифестира со лошо здравје. Многу луѓе патат од несоница, главоболка и нервоза, па затоа не ретко посегнуваат по апчиња. Но има многу поедноставно решение кое нема нус појави – чајот. Овие неколку билки ќе ви помогнат.
Лаванда
Лавандата одамна се користи во борбата против несоницата и кај болестите со нервите. Лавандата можете да ја ставите во купка пред спиење или да подготвите чај за смирување. Освен што ги опушта мускулите, ја смирува нервозата и вознемиреноста, чајот од лаванда делува ефикасно и во случај на нарушен сон. Се подготвува едноставно, а делува брзо.
Камилица
Лековита билка која го опушта целото тело. Ги омекнува и смирува ткивата и мускулите. Силни дози на чај од камилица помагаат и кај несоница. Камилицата е честа состојка во билните мешавини наменети за смирување.
Мајчина душичка
Лековитите состојки се кријат и во листот и во цветот, а нејзините етерични масла ги опуштаат мускулите. Со оглед дека нејзините состојки лесно ветреат, потребно е да ја подготвите во затворен сад за чајот да не ги изгуби лековитите својства. Подготовката на чајот е едноставна: лажичка мајчина душичка прелејте ја со два децилитри врела вода, поклопете и оставите да стои така половина час. Кога чајот ќе се олади процедете го и испијте го. Ако ви пречи горчината засладете го со половина лажичка мед.
Анасон
Анасонот може да биде одлично средство за смирување. Познат е по неговата моќ за смирување и зајакнување на нервите, па со тоа помага против нервоза, раздразливост, несоница и хистерија. Но, мора да имате во предвид дека во голема доза, анасонот делува токсично и хипнотички, така што мора да бидете внимателни со неговата консумација.
Маточина
Од маточината може да се направи одлична купка која делува смирувачки, а топло се препорачува на лица кои патат од несоница, депресија и анксиозност. За лековитите својства на оваа билка најзаслужни се есенцијалните масла кои ги опуштаа мускулите, го зајакнуваат срцевиот мускул и делуваат како антибиотик.