Ако сè уште не сте решиле да се откажете од пушењето, еве уште една одлична причина - пушачите имаат полош љубовен и сексуален живот, особено ако само еден партнер е „зависник од никотин“.

Навиката заа пушење цигари не е само нездрава, туку е и социјално неприфатлива и може лошо да влијае на вашиот љубовен и сексуален живот, велат експертите.

Животот на пушачите е комплициран, особено откако во светот се воведени забрани за пушење на јавни места. За некои, поголемиот дел од денот е сведен на наоѓање место каде што можат да „пушат“ без да платат казна или да им пречи на оние што не пушат.

И откако ќе се пронајде погодно место за пушење, маката на пушачот не е завршена. Кога ќе се вратат во канцеларија, или која било друга просторија во која има и непушачи, мирисот на тутунот во нивната коса и на гардеробата е неизбежен „белег“ на гревот што може да им пречи на другите.

Некои, претежно страствени зависници од цигари, се лишуваат од малку нежност пред спиење заради непријатниот „мирис“. „Мирисаш на цигари, спиј на друго место“, е најчестиот коментар откога ќе се вратите дома по гледање на натпревар со другари.

Куќите и становите на долгогодишните пушачи честопати мирисаат на цигари и тоа нема никаква врска со нивниот начин на одржување хигиена и чист воздух во просторот во кој што живеат. Мирисот од цигари лесно и брзо се впива во мебел, завеси, теписи, ѕидови и слично а тоа воопшто не е ниту секси ниту романтично.

Пушачите имаат нарушен имунитет, пред се затоа што никотинот „го совладува“ витаминот Ц. Затоа се повеќе склони кон настинка, грип, разни вируси, но исто така им недостасува и кондиција. Без оглед колку партнерот ве сака, поради „пеколот“ ризикувате да ве остават затоа што постојано сте болни, уморни или „не можете да издржите подолго и во различни пози“.

Докажано е дека сексуалната издржливост на пушачите е значително пониска од оние што никогаш, или долго време не запалиле цигара.

Имајте на ум и дека пушачите живеат пократко, затоа што ризикот од рак на белите дробови е, меѓу другото, значително поголем, особено кај жените.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 04:06