Британската манекенка Кејт Мос и нејзината 18-годишна ќерка Лила се прошетаа по истата писта на Модната недела во Милано.

Се чини, Лила Мос тргна по стапките на нејзината мајка. Овојпат носеше златно-бел костим за капење, украсен со сложена шара, којашто традиционално му се припишува на „Версаче“. Таа облече и раскошна „Фенди“ јакна – со бела кожена чанта и златен ѓердан.

Кејт, пак, носеше црн фустан и наметка со златни дезени.

Инаку, модната писта во италијанската Палата „Версаче“ прикажа неколку луксузни модни линии. Во своето деби за високата мода, Ким Џонс и Донатела Версаче, уметнички директорки на „Фенди“ и „Версаче“, создадоа свои колекции за двете компании. На пистата се најдоа и Џиџи Хадид, Емили Ратајковски и Наоми Кембел, а во публиката беа Елизабет Харли, Адисон Реј и Деми Мур.

Лила е ќерка на Кејт и креативниот директор на „Дејзд медија“, Џеферсон Хак, со кого Кејт беше во врска од 2001 до 2004 година. Лила е родена во 2002 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 12:34