На плоштадот Сокало во Мексико Сити вчера е одбележана 200 години од независноста на Мексико.

Годишнината на „триумфалното влегување" на војската во градот на 27 септември 1821 година се смета за настан кој ја означува независноста на Мексико.

На свечаноста присуствуваше и претседателот на Мексико, Лопес Обрадор, кој истакна дека „тоа што било доживеано пред 200 години, засекогаш го одбележа политичко одвојување на Мексико од Шпанија".

Обрадор во 2019 година побара од Шпанија да се извини поради освојувањето на Мексико. Мадрид категорички ја отфрли таквата можност, при тоа оценувајќи оти судот за тоа освојување не може да се разгледува во современ контекст.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/09/2021 16:01