Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер во продолжнието на сезоната од домашното првенство, како и настапите во Европската лига ќе биде без услугите на Томислав Кушан, откако битолскиот клуб му дозволи на хрватскиот репрезентативец предвреме да ја напушти екипата и да ја продолжи кариерата во Бундеслигата.
– Бундеслигашот Вецлар ја плати откупната клаузула од договорот на ракометарот Томислав Кушан, кој беше обврзан на договор со нашиот клуб до јуни 2022 година. Ракометарот доби „зелено светло“ да замине во Германија на медицински прегледи и потпис на договорот со Вецлар. РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Кушан за професионалноста во периодот во кој го носеше дресот на клубот и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Исто така благодарност и до германскиот клуб за коректниот однос, соопшти клубот од Битола.
Во периодот минат во Битола, Кушан го освои македонскиот Суперкуп и повторно се врати во редовите на хрватската репрезентација.