ЈП „Лајка“ ги информира граѓаните дека поради технички проблеми маил адресата info@lajka.com.mk е вон функција. Граѓаните кои сакаат да пријават повредено куче, напад од куче, бездомно куче без ушна маркица и слично истите треба да ги пријават на следниов маил: prijavi@lajka.com.mk.

ЈП „Лајка“ ќе излезе на терен по пријава доколку истата е целосно пополнета. Пријавите кои се без фотографии, точна локација и општина, како и без име и презиме на пријавителот, ќе се смета за непотполна и по истата нема да се постапи. Доколу сакате да пријавите KАСНУВАЊЕ од куче потребно е на мејлот prijavi@ajka.com.mk да се приложи медицинска документација, како извештај со потпис и печат од специјалист не подоцна од 24 часа од каснувањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2021 12:11